Филмски новости бр.86/47

Југославија 1947 2 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – РАБОТНА ЗАДРУГА „КОЧО РАЦИН“ /
Панорамa на Лазарополе, село во областа Мијачија, на планината Бистра. Во селската работна задруга „Кочо Рацин“, вклучени се сите жители на селото во осум бригади, кои извршуваат разноврсни работи. Преку статични кадри, менување на плановите и ракурсите, прикажани се најкарактеристичните моменти од активностите на работната задруга. Земјоделските бригади работат на производство на храна за стоката и одгледување на градинарски производи, зелка и компир. Сточарската бригада произведува значителни количини кашкавал „Бистра“. Покрај тоа, таа обезбедува и волна за килимарата во Лазарополе, за производство на килими. Со квалитетно и квантитетно истакнати колективни резултати, задругата го остварува својот производствен план и придонесува за остварување на петгодишниот план по ослободувањето.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.