Филмски новости бр.92/47

Југославија 1947 1 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – БОРБА ПРОТИВ МАЛАРИЈА /
Краток филмски запис за големата антималарична кампања спроведена од Сојузниот Институт за тропски болести во Македонија. Специјални екипи со инсектицид ДДТ вршат прскање на станбени објекти и други простории за уништување на маларичните комарци. Во низа кадри во кои преовладува општ план, прикажано е рачно и авионско прскање и запрашување на дел од најголемите легла на маларични комарци, во мочуриштата на Преспанско Езеро, области во Пелагонија, долж течението на Црна Река, Струшко и струмичко блато.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.