ПРИЛОГ 1 – МАКЕДОНИЈА – ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ /
Значаен филмски запис за одржување на првите фолкорни фестивали на македонскиот народ и малцинствата, одржани на 11 Октомври 1947 година во Битола и Штип. На оваа културната манифестација учествивале 256 пејачки и играорни групи со околу 4000 учесници. Прилогот започнува со панорама на Штип и движење на лево, прикажувајќи го градот каде е одржан културниот настан. Во рамките на фестивалската програма учествувале македонска, албанска, турска, ромска и влашка културно-уметничка група. Во кадрите кои следуваат учесниците од различни возрасти се преставуваат со изворни, традиционални фолклорни содржини. Албанската играорна група презентира свое машко оро, ромско мешано оро од оклината на Штип и македонско оро „Тешкото“. Манифестацијата е следана од многубројна публика. Целиот филмски запис е придружен од звуците на традиционалните народни инструменти, зурла и тапан.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Снимил : М. Стојановиќ