Документарниот филм „Филмски сусрети – Ниш 1969 година“ претставува живописна ретроспектива на едно од најзначајните филмски збиднувања во поранешна Југославија. Преку репортажен стил, филмот нè воведува во атмосферата на фестивалот во Ниш, 1969 година, каде што се среќаваат реномирани глумци, режисери и љубители на седмата уметност.
Најголемо внимание се посветува на харизматичната појава на Павле Вуисиќ, кој заедно со други познати актери и актерки од тој период, учествува на свеченостите, доделувањата на наградите и на средбите со публиката. Камерата ги забележува динамичните моменти од доделувањето на признанијата, размена на честитки, како и непосредните реакции на публиката.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ