Документарниот аматерски филм на Ноела Нечкоска од Битола, претставува една игрива визуелна прошетка низ часовите по наука, истражување и иновација на младите основци, средношколци и студенти, кои се дел од традиционалниот летен камп на талентирани ученици, од ПРОНА – Фондација за промоција на наука во Црна Гора.
Преку кратки видео прикази, креативни изјави и насоки, учениците и менторите читаат инспиративни мисли и поеми од големи и успешни луѓе во светски рамки како Никола Тесла, Михајло Пупин, Марио Андрети, Марија Кири и други, барајќи ја „Формулата на љубовта“, за на крајот да го изодат патот за сознавање на љубовта и нејзините состојки, во меѓусебните дружби и споделба на љубовта кон знаењето и науката водејќи се од правилото дека знаењето е неопходно да се дели.
Напишано од Лидија Христова
2024, Grand Prix, Плакета „Милтон Манаки“, за најдобар филм на авторите Ноела Нечкоска и Рената Петревска-Нечкоска, 32 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола
Соработници: Ксенија Вучиниќ, Вук Челебиќ, Огњен Радуловиќ и Вељко Мирковиќ Насловна песна: Здравка Мирчевска, Весна Малинова, М-СОЛ Рекордс