Филмот е за четворица другари, Игор, Кико, Бугар и Црна. Тие се членови на навивачката група Комити. За време на еден натпревар настанува тепачка, еден другар е претепан од навивачи албанци. Тие решаваат да се одмаздат и да ги протераат сите албанци од маало. Го претепуваат и стариот продавач на бои, само заради тоа што е албанец.
Кога Игор оди дома, случајно наоѓа едно писмо и дознава дека е посвоен. Уште пострашно е што дознава дека е албанец. Вознемирен и лут на родителите бега од дома. Оди кај своите најдобри другари. Тајната на Игор брзо се дознава. Другарите се бесни на Игор, еден од нив го навредува и крвнички го претепува.
Неговите најдобри пријатели стануваат најголеми непријатели. Неприфатен од другарите и лут на родителите, Игор лута низ градот раскрварен и гол.
Напишано од Лидија Кировска
Останати соработници : Извршен продуцент: Златко Димески Втор асистент на режија: Марко Ѓоковиќ Скриптер: Тамара Котевска Настапуваат : Ељеса Касо, Сара Новак, Душица Трнева, Сара Дамчевска, Давор Чурилов