Автокефалноста на Македонската Православна Црква

Р. Македонија 2003 57 мин Колор Звук историски ТВ Продукција Дигитална технологија

Телевизиската емисија за автономноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Со помош на стари фотографии, снимки и интервјуа, опфатен е период од 1567 до 1945 година. Се зборува за книжевната дејност по манастирите, печатење на  првиот „Часослов“ на македонски народен говор, распостранетоста на монаштвото. За укинување на Охридската архиепископија од страна на Цариградската патријаршија 1767 год. Отварање на ќелијни училишта, како предвесници на македонските преродбениците од 19 век. Борбата што ја започнал Теодосиј Гологанов за обнова на Македонската архиепископија. Емисијата завршува со снимки од одржување на Првиот црковно – народен собор и обраќање на г.г. Михаил. Гости кои зборуваат за патот до автокефалност на МПЦ: архимандрит Пимен, ректор Борис Бошковски, монахиња Ивона, протоереј ставрофор Ѓорѓи Николовски, отец Стефан Санџаковски и други.

Други соработници : сценарио: Љупчо Б. Бошковски текстот го читаше: Ѓакон Михајло светло: Тони Бабински камера: Владо Кузмановски и Симе Карамешиновски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.