Архитект Андреја Дамјанов

Р. Македонија 2007 153 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарен серијал во пет емисии, за делата на македонскиот архитект Андреј Дамјанов-Папрадишки (1813-1878). Тој е потомок на мијачкото градителско семејство Рензовски. Заедно со својата тајфа изградил над 40 цркви и манстири во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија и Македонија. Во петте емисии, модератор е авторот на емисиите – Саше Димовски а за Андреја Дамјанов и неговите архитектонски дела зборуваат: академик Крум Томовски, архитектите Станка Амбаркова, д-р Кокан Грнчев и Александар Николовски. Емисиите изобилуваат со подробни информации за сахралните објекти, нивните архитектонски карактеристики како и историскиот контекст за нивната изградба.
Во првата емисија се раскажува за потеклото и почетоците на градителските тајфи и нивните главни мајстори. Се истражува за начинот на работа и потеклото на носителите на овој над 200-годишен градителски род – Дамјановски, Рензовски и Зогравски – по потекло од село Тресонче.
Во втората емисија се зборува поконкретно за познатите градби на Андреја Дамјанов: црквата Св. Пантелејмон во Велес, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ и Св. Богородица во Ново Село-штипско. Со видео прилози со репортажни карактер и стручен и прецизен архитектонски речник и стручна терминологија, авторот дава детален опис на сите аспекти на архитектурата на црквите, вклучително и иконографиите и копаничарските работи.
Во третата емисија авторот нè запознава со работата на Андреја Дамјанов на тлото на Србија и Босна и Херцеговина. Црквите Св. Илија во Печењовац, „Собор на Светите Апостоли“ во Турековац и Св. Горѓи во Смедерово како и Соборниот храм во Ниш, најголемиот новоизграден храм во Србија. Исто така, и со градбите на Соборните цркви во Врање, Сараево, Мостар и цркавата во Пирот, посветена на „Рождество Христово“.
Во четвртата емисија се запознаваме со архитектурата на црквите на тлото на Македонија, имено на црквите Св. Јован во Кратово, Св. Никола во Куманово и со други релевантни аспекти.
Во петтата емисија прикажана е изградбата на профаните објекти кои ги граделе тајфите на Андреја Дамјанови и тоа конкретно куќите во Велес, кои имаат свои препознатливи карактеристики. Во емисијата се содржат повеќе аспети на оваа тема, како историски аспект, конкрени описни елементи на градбите, социјални и културолошки специфики на тој период и сл.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.