Приказна за бродот „Титов Велес“, кој во 1967 година почнал со пловидба од брегот на Јадранското Море, под водство на капетанот Мато Видек. Бродот бил товарен, изграден во Севиља (Шпанија), го откупила југословенската фирма „Атлантска пловидба Дубровник“ и му дале име по македонскиот град Титов Велес.
Бродот „Титов Велес“ бил со должина од 85 м., ширина 13 м. и тежел 2234 тона. За да се долови грандиозноста на бродот, искористена е макета од бродот поставена во градот Велес. Во 1981 година бродот е продаден но, продолжил да плови.
Последната пловидба на овој брод била 1983 година, од градот Кент во Белгија.
2024, Плакета за идеја „Стефан Сидовски-Сидо“, на авторите Миа Панов и Дејан Панов, 32 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола