Прилог 4 – ЈУГОСЛОВЕНСКИ ФРОНТ – КУМАНОВО
Репортажа со нарација во оф-тон, реализирана во околината на Куманово и на плоштадот во Куманово (по 9 септември 1944 г., кога власта во Царството Бугарија ја превзема Отечествениот фронт и ѝ објавува војна на Германија), во периодот на месеците октомври и ноември 1944 г. и точно на 11 ноември 1944 г., кога Куманово е официјално ослободено од единиците на Првата отечествено-фронтовска бугарска армија и партизанските единици на Кумановската народноослободителна дивизија.
Репортажата е целосно реализирана во околината на Куманово и на плоштадот во Куманово. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и соодветна воена музика и истрели од огнено оружје и гранати, како и аплаузи и извици „ура“. Тонската шпалта е делумно оштетена само на почетокот.
Напишано од д-р Атанас Чупоски