Прилог 4 – ЈУГОСЛОВЕНСКИ ФРОНТ – ПРЕЧЕК НА ПАРТИЗАНИ ВО ШТИП
Репортажа со нарација во оф-тон, реализирана во околината на Штип и на улиците на Штип (по 9 септември 1944 г., кога власта во Царството Бугарија ја превзема Отечествениот фронт и ѝ објавува војна на Германија), во периодот на месеците октомври (од 22-27 октомври се водат жестоки борби за ослободување на Штип) и почетокот на ноември 1944 г. и точно на 8 ноември 1944 г., кога Штип е официјално ослободен од единиците на Четвртата отечествено-фронтовска бугарска армија и партизанските единици на 50та дивизија на Народно-ослободителната војска на Македонија.
Репортажата е целосно реализирана во околината на Штип и на улиците во Штип. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и соодветна воена музика и звук на летање на авиони, истрели од огнено оружје и гранати.
Напишано од д-р Атанас Чупоски