Прилог 4 – ПРВ НАЦИОНАЛЕН СПОРТСКИ СОБИР ВО СКОПЈЕ
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикерка и со оригинален звук и слика од говорот на министерот за внатрешни работи на Царството Бугарија – Петар Габровски, за Првиот национален спортски собир што се одржал во Скопје кон средината на октомври 1941 г.
Во репортажата се забележуваат и инж. Димитар Чкатров, тогашниот областен директор Антон Козаров, Димитар Ѓузелов и кметот на град Скопје – Спиро Китинчев, кој во крупен план чита однапред подготвен говор во кој, како што соопштува нараторката, „го поздравува високиот гостин“.
Репортажа е целосно реализирана во Скопје, кон средината на октомври 1941 г., по повод одржувањето на Првиот национален спортски собир. Покрај гласот на нараторката и оригиналниот звук и слика од говорот на министерот за внатрешни работи на Царството Бугарија – Петар Габровски, во оф-тон се слуша и соодветна оркестрирана музика, како и прочуениот „Марш на македонските револуционери“, т.е. „Изгреј зора на слободата“.
Напишано од д-р Атанас Чупоски