Прилог 5 -ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА КУЛАТА – ДЕМИР ХИСАР, СЕРСКО
Репортажа реализирана на 8 декември 1941 г., со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикерка, за свеченото пуштање во употреба на делница од пругата Софија-Горна Џумаја-Солун, во должина од 14 km, меѓу селото Кулата (денес Палеокастро) и гратчето Демир Хисар или Валовишта (денес Сидирокастро), во Серско, Егејска Македонија, денес во Република Грција.
Нараторката соопштува дека на свеченото отворање присуствуваат и „министрите Василев и Горанов“, како и министерот за јавни згради, патишта и јавни работи во владата на Богдан Филов – Димитар Василев.
Репортажата е реализирана на 8 декември 1941 г. , во селата Кулата и Рупел, Рупелската Клисура на реката Струма и гратчето Демир Хисар и е посветена на свеченото пуштање во употреба на делница од пругата Софија-Горна Џумаја-Солун, во должина од 14 km. Во прилогот е употребена и соодветна класична и духовна музика.
Напишано од д-р Атанас Чупоски