Бугарско дело – Кино преглед бр. 49/42

Бугарија 1942 1.20 мин Звук репортажа Журнал

Прилог 2 – ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИ ВЕЗ И НОСИИ ВО СКОПСКАТА ЖЕНСКА ГИМНАЗИЈА „ЦАРИЦА ЈОАНА“
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикер, за поставувањето изложба на вез и носии од Македонија во скопската женска гимназија „Царица Јоана“. Во македонскиот телоп во насловот е погрешно наведено дека изложбата се случува во Софија.
Репортажата е целосно реализирана во Скопје, во скопската женска гимназија „Царица Јоана“. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон се слуша и соодветна музика инспирирана од македонскиот фолклор. Тонската шпалта е сосема малку оштетена на самиот почеток на репортажата.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.