Госпоѓа Рубин

Република Македонија 2011 19 мин Колор Звук драма Краток игран филм Дигитална технологија

Приказна за младата стажантка Софи и нејзината пациентка, госпоѓа Рубин.
Софи е опседната со својот изглед. Таа постојано се гледа во огледало и се разубавува, заради тоа секаде доцни. Тоа се случува и на првиот работен ден. Таа е психијатар, оди на работа во установа за ментално болни.
Професорот и дава досие на пациентка, се работи за госпоѓа Рубин. По зборовите на професорот, госпоѓа Рубин има тешка форма на шизофренија со параноја. Таа доживеала тешка траума. Нејзиниот син починал од сипаници. Госпоѓа Рубин има грижа на совест за смртта на својот син. Мисли дека не се грижела доволно добро за своето дете, од стрв да не се зарази.
Како што се развива врската лекар-пациент, Софи дознава дека и г-ѓа Рубин ја има опсесијата со своето лице, а понатаму открива дека болеста на г-ѓа Рубин е тесно поврзана со оваа опсесија. Пред несреќата, и госпоѓа Рубин, исто како Софи, постојано се гледала во огледало и била опседната со својот изглед. Нив ги поврзува оваа заедничка опсесија и се спријателуваат. Тоа дружење позитивно влијае врз здравстената состијба на госпоѓа Рубин.

Напишано од Лидија Кировска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.