Дилер

Република Северна Македонија 2021 10 мин Колор Звук Аматерски филм Дигитална технологија

Краток игран филм, во кој е прикажана кризата за тоалетна хартија за време на пандемијата на Ковид. Млад маж, гледа вести на телевизија. Главната вест е недостаток на тоалетна хартија во светот. Луѓето во маркетите буквално се тепаат за ролна повеќе. Утрото мажот оди во тоалет и сфаќа дека немаат тоалетна хартија. Добива порака од жена му да купи, бидејќи таа се обидела но, не успеала. Тој ја започнува потрагата по тоалетна хартија. На крај се поврзува со еден дилер и од него набавува.

2022, 51 ДФНФ, Сребрена плакета за краток игран филм

Актерска екипа: Лео Крстески,Јане Јанески и Филип Стојчевски Микрофон: Андреј Делов Ментор: Валентина Јорданова

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.