Ана, девојче од петнаесет години, има свои желби и соништа. Посакува да оди на некој фестивал, но нејзините скржави родители не ѝ даваат пари, со оправдување дека се истрошиле за погребот на дедо и. Таа ја користи можноста и ја заменува својата СИМ картичка од телефонот, со онаа на нејзиниот починат дедо. Почнува да испраќа пораки на нејзините родители од телефонскиот број на дедо си. Но, во еден од повиците до татка си, дознаваме дека Ана доживеала сообраќајна несреќа. Во последната сцена, ја гледаме Ана на патерици, како оди на посета на гробот на дедо си и бара прошка за нејзините постапки.
Напишано од м-р Арсим Љесаковица
Други соработници : Продуцент: Бојан Станишиќ Извршен продуцент: Димитар Николов Сценарио: Кристина Христова – Николова Музика: Баба Зула Уредник: Баже Дулев Визуелни ефекти и супервизија: Крсте Господиновски Дизајн на продукција: Бурим Муслиу Шминка: Викторија Димитровска Кастинг: Весна Ристовска, Филип Пејцик
Настапуваат : Зоран Бојаровски, Кристина Христова Николова, Владимир Петков