Другарот

Република Северна Македонија 2020 16 мин Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Димче е средовечен маж кои живее со својата ќерка Ана. Тој живее во минатото, во времето кога бил висок воен функционер во Титова Југославија. Сака ред и дисциплина и постојано е нерасположен. За најмала ситница вика по Ана. Се разбеснува ако е вклучен бојлерот, ако чашата не е на свое место. Тој е опседнат  со другарот Тито.
Приказна за гневен старец, веројатно последниот првоборец, кој сè уште живее според старите правила и по рутината создадена низ децении на служење на еден систем кој веќе одамна не постои.

Напишано од Лидија Кировска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.