Европски приказни – Германско помирување со минатото

Република Северна Македонија 2023 51 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Прикажан е споменикот на холокаустот во Берлин, каде се убиени над 6 милиони Евреи од страна на нацистите. Новинарот Борјан Јовановски, со своите соговорници, зборува за тоа како Германија по Втората светска војна успеала да ја надмине сенката на Хитлер. Рајнер Хес е внук на Рудолф Хес, најозогласениот командант на концентрациониот логор Аушвиц. Рајнер уште на 11 години се соочил со проблемот на своето потекло и презимето што го носи. Во неговото семејство ова било табу тема, за која не се зборувало. Подоцна самиот почнал да истражува за злосторствата на својот дедо. Го посетил логорот Дахау и ги видел сите документи за Рудолф Хес. Франк Моравиц е син на официр во нацистичката војска. Тој петнаесет години истражувал по архивите за да дознае што се случувало. Проф.др.Магнус Брех зборува за „Институтот за современа историја“ создаден за анализа на историјата на Третиот Рајх. Институтот располага со богат архивски материјал и библиотека. Во училиштата, учениците се запознаваат со современата историја на нивната земја.

Напишано од Лидија Кировска

Асистент на монтажа Марков Благојче, Талевски Јованчо
Директор на фотографија Кочишки Петар
Монтажа Ѓоковиќ Марко
Организатор на снимање Крајчевски Дејан

Преведувачи: Тина Џеповска и Силвана Јовановска
Користени архивски снимки од МРТ Подржано од Агенција за филм на Р.С. Македонија Серијалот е посветен на Горјан Тозија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.