Живи и здрави

Црна Гора, Хрватска, Словенија, Северна Македонија 2023 98 мин Колор Звук Комеридја Дигитална технологија

Дејството на филмот се случува на Црногорското крајбрежје, во градовите Херцег Нови и Игало и на полуостровот Луштица.
Драгана (Тихана Лазовиќ) и Момир (Горан Славиќ) се млади луѓе кои решиле својата љубов да ја крунисаат со брак.
Членовите на двете семејствата, секој на свој начин, се подготвуваат за семејната прослава. Идната невеста два дена пред свадбата, решава дека не сака да се мажи. Настанува хаос. Родителите не можат да се помират со срамот, „што ќе речат луѓето“. Младоженецот е во неверување, дека љубовта на неговиот живот сака да го остави.
Татко му ,Ласо, по секоја цена инсистира да се направи свадбата. Тој и предложува на бунтовната невеста, да ја одглуми свадбата а потоа каде сака да оди. Притисокот што и го прават на Драгана, ја збунува уште повеќе. Да избега веднаш или по свадбата. Сепак свадба ќе има.
На гости од странство доаѓа чичко му на Момир (Никола Ристановски), кој прави дополнителни проблеми со нерасчистени семејни односи. Оди до таму што ѝ се додворува на невестата и ѝ вели да избегаат заедно.
Свадбата се одржува со сите адети, како што е редот. Има многу алкохол, оружје и гости. Преку низа комични ситуации се прикажуваат обичаите на една традиционална црногорска свадба. На свадбената веселба има фрлање на динамит, паѓање на гостин во бунар, пукање со пиштол, планирање на бегството на невестата, опијанување на младоженецот и слични комични ситуации. Еден од сватовите е застрелан во задникот. Доаѓа возилото на Брза Помош, со нив бега и невестата. Таа повторно се враќа на свадбата бидејќи нема со себе пари и лични документи.
По сите збиднувања младите остануваат заедно, тие се среќни, имаат ќерка и градат сопствена куќа.

Напишано од Лидија Кировска

Сценарио и режија: Иван Мариновиќ Директор на фотографија: Доминик Истениќ Монтажер: Мишел Рајх Музика: Тони Китановски Сценограф: Драгана Баќовиќ Костимограф: Магдалена Клашња Снимател на звук: Горан Керкез Снимател: Доминик Истенич Директорка на филмот: Марија Леро
Улоги: Тихана Лазовиќ, Горан Славиќ, Горан Богдан, Сњежана Синовиќ Шишков, Момчило Пиќуриќ, Дејан Ќоновиќ, Мирјана Јоковиќ, Драгана Дабовиќ, Никола Ристановски, Милош Пејовиќ,Сејдо Алилај, Омар Бајрамспахиќ, Лара Драговиќ, Филип Клицов, Зоран Зоро Мартинети, Тамара Драгичевиќ, Стефан Вуковиќ, Димитрије Живановиќ, Бранка Кнежевиќ, Данило Бабовиќ, Маша Славиќ, Марушка Драшковиќ, Андреа Мариќ, Стојан Тафра и Љиљана Стјепановиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.