Документарниот филмски материјал „Изградба на браната во Дебар“ претставува визуелен запис од првичните фази на еден значаен инфраструктурен проект. Филмот започнува со панорамска снимка над живописниот предел каде што е планирана изградбата на браната, прикажувајќи ја природната конфигурација на теренот и водниот тек кој ќе биде регулиран.
Во продолжение, камерата нè води до локацијата на градилиштето каде што се прикажани основните структури во изградба – поставување на темели, подготвителни градежни работи и првични инженерски зафати. Филмот има информативен карактер, документирајќи го почетокот на процесот на изградба на браната како важен технолошки и развоен потфат за регионот на Дебар.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ
* Треба да се залепат кратките парчиња на пикерска маса заедно со филмолог, и на овој начин ќе се добие поцелосна слика.