Документарен филм за „Илинденка“, првата едрилица изработена во Македонија.
Во 1955 година, Љубомир Тевчев, раководител на претпријатието „20 Мај“ од Скопје (подоцна прераснува во претпријатие за алуминиум „Алумина“), има идеја да се изработи едрилица. Оваа негова идеја се реализира и настанува „Илинденка“ , едрилица едносед, со многу добри карактеристики и дизајн.
Едрилицата е добитник на награди и признанија на натпревари во светот.
Денес „Илинденка“, како гордост на македонското воздухопловство, се наоѓа во музејот на воздухопловство во Белград.
2024, Плакета за идеја „Стефан Сидовски-Сидо“, на авторите Миа Панов и Дејан Панов, 32 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола