Искушение

Република Македонија 2008 28 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Приказна за отец Стефан, искушенијата пред кој се наоѓа и вечната борба помеѓу доброто и злото.
Тој е семеен човек, посветен на верата, живее со татко му и сопругата која е бремена. Откако умира мајка му, Стефан одлучува да учи за поп.
Една вечер излегувајќи од црквата во која работи, поп Стефан го сретнува тринаесетгодишниот Захир. Захир бега од дома, бидејќи неговиот брат, кој е во УЧК, сака да го однесе во планина да се бори. Отец Стефан го зема Захир дома за да го заштити.
Но, од тој момент неговиот живот добива сосема поинаков тек. Откако е ставен на искушение, настануваат проблеми со семејството на детето. Приказната станува се позаплеткана откако се појавува и еден лик со црна качулка кој го следи отецот. Преку ноќ животот на отецот станува полн со оружје, закани, убиства, крвна освета, проституција и посета на сомнителни локали. Таткото и сопругата на отецот ги убиваат а тој завршува во психијатриска установа.

Напишано од Лидија Кировска

Останати соработници : Втор асиситен на режија — Нела Витошевиќ Скриптер — Алисија Ферро Втор асистен снимател — Душан Кардалевски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.