Аматерски, непрофесионален филм за киното „Охридско езеро“ во Охрид. Филмските почетоци во Охрид се врзани со името на Миле Петкоски Мартиноски. Роден е во село Ржаново, струшко, учесник во Илинденското востание. По востанието Петкоски бега од турскиот аскер во Охрид а од таму заминува за Америка, каде останува 12 години. Во Америка се вљубува во филмската уметност и е постојан посетител на кино проекциите. Тој се враќа во Охрид и во 1919, почнува да го гради киното „Охридско езеро“. Киното почнува со работа 1924 година. Од Австрија го набавува проекторот HERLANGO, произведен 1909 г. Како стручно лице, од Австрија доаѓа и Ернест со сопругата Адела. Сопружниците живеат во Охрид неколе време а Ернест го пренесува своето знаење на членови на семејството Петкоски, кои продолжуваат да работат како кинооператери. По војната 1951 г., купени се два нови проектори ХР 1, а стариот е донесен во Кинотека на С.Македонија и служи како експонат.
Нада Бабачева, се сеќава на времето кога киното било преполно со посетители, се барало карта повеќе и филмовите ги гледала по неколку пати. На почетокот биле прикажувани црно бели неми филмови, а подоцна и звучни. Најголемо внимание привлекувале филмовите на Чаплин, филмовите „Бели јоргован“, „Тарзан“, „Ана Каренина“, цртаниот филм „Снежана“, филмовите со Фред Астер и др. Денес киното не работи и е во целост руинирано.
2023, Медал на УНИКА, 31 ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ (НЕПРОФЕСИОНАЛЕН) ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ, КАМЕРА 300 – БИТОЛА
Монтажа: Бранислав Силјаноски Текстот го читаше: Ѓорѓија Симјаноски