Приказна за семејство кое живее во едно планинско село во Македонија.
Дана е мајка на три деца, живее со сопругот и нејзината стара мајка. Секојдневието на оваа жена се сведува на грижа за мајка си, за децата, за сопругот и обврските околу куќата. На денот кога колат свиња (коливо), доаѓа Марко, нејзиното момче од младоста. Марко, живее во странство и се нема видено со Дана 15 години. Тој уште чуствува љубов спрема Дана и тоа јавно ѝ го кажува. Дана го одбива и е навредена од неговата изјава.
Мајка ѝ на Дана, е преокупирана со умирање. Таа гледа емисија на ТВ и ѝ ја соопштува на својата ќерка последната желба: Да биде закопана во капсула и над неа да засадат дрва, и да се направи шума. Дана, не ја сфаќа сериозно желбата на мајка си, која наскоро умира.
Напишано од Лидија Кировска
Останати соработници: Сценарио — Петер Вулчев Продуцент — Крастило Ламбев Кинематографер — Кирил Проданов Асистент на камера — Сергеј Гуаров Фотограф — Елена Геровска Настапуваат: Дарко Јовановски, Ива Конева , Ана Ангеловска, Павел Атанасовски, Јована Аврамовска, Игор Васев и Драган Сугарев