Луѓе без земја

Република Македонија 2011 66 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Играно-документарен филм за редраматичната животна приказна на македонската револуционерка Вера Фотева (Евдокија Балева). Родена е 1926 г. во село Д’мбени, Костурско. Учесник во НОБ, за време на Граѓанската војна во Грција. Обвинета од КПГ за „агент на меѓународната реакција“.
Филмот почнува со автентично интервју со Вера Фотева. Првите нејзини зборови се дека сe бореле против фашистичката влада во Грција, не биле против грчкиот народ, туку заедно се бореле за демократска Грција. Потоа се нижат сцени од играниот дел каде Верица Недева ја игра Вера Фотева, која е во затвор. Таа е малтретирана, тепана, обвинета дека е шпиунка и поврзана со британските тајни служби. Мачењето на оваа млада жена и голготата која ја поминува во логорите во Албанија, Сибир и Москва, трае со години. Филмот изобилува со богат архивски материјал.
Во 1956 г. Вера Фотева се враќа во Македонија, каде живее со своето семејство. Умира во Скопје, во 2011 година, додека трае снимањето на филмот.

Напишано од Лидија Кировска

Наратор: Сенко Велинов Скриптер: Алисија Ферро Камера оператор: Петар Кочишки Прв асистент на камера: Атанас Велковски Тон мајстор: Златко Симјаноски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.