Мала Пула 1969

Р. Македонија 1969 22.47 мин документација Аматерски филм

Филмскиот материјал документира атмосфера и фрагменти од одржувањето на Филмскиот фестивал во Пула во 1969 година. Иако на кутијата е наведено „Четиринаести“, дополнително, на белешката во кутијата стои: 16 Пула Аќимовиќ. 3.30 ТВ. 6 VIII. 69. и упатува на тоа дека станува збор за Шеснаесеттото издание, при што најверојатно е во прашање печатна грешка.
Во визуелниот материјал се прикажуваат плакати од филмови како „Рани трудови“, „Петта заседа“ и „Републиката во пламен“, што го лоцира настанот во поширокиот контекст на тогашната југословенска кинематографија. Забележливи се кадри од Римскиот амфитеатар – Пулската арена, како централно и симболично место на фестивалските проекции. Се појавува и логото на МАФАФ, IV Меѓуклупски авторски фестивал на аматерскиот филм, 1969, колоквијално наречен „Мала Пула“, што дополнително ја потврдува хронолошката и програмската сложеност на материјалот.
Филмот регистрира бројна публика, фестивалска атмосфера и амбиентални сцени, со што претставува вреден документ за културниот живот и фестивалската традиција во Пула кон крајот на 1960-тите години.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.