Малина

Република Македонија 2018 12.50 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Современа приказна за две тинејџерки, Дона и Андреа. Прикажан е животот на двете шеснаесет годишни другарки, кои заедно поминуваат едно деноноќие.
Една вечер Дона оди кај Андреа на гости со преспивање, бидејќи е сама дома. Тие се спремаат да излезат во клуб, каде одат повозрасни. Дона е вљубена во Виктор. Девојките убаво се забавуваат, танцуваат, пијат алкохол, пушат цигари, дури во еден момент и се бакнуваат. Се враќаат доцна дома кај Андреа да преспијат. Утредента мајка и на Андреа е вратена, им прави појадок и ги буди да станат. По појадокот Дона се враќа дома.
Филмот е за другарството, дотерувањата, ноќните излегувања по клубовите, заљубувањата, разочарувањето и ситните лаги кои им се кажуваат на родителите. Типична урбана приказна за девојки на нивна возраст.

Напишано од Лидија Кировска

2 асистент на режија: Ана Опачиќ Скрптер: Алисија Ферро Вилалба

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.