Матка

Р. Македонија 1966 16.24 мин репортажа Аматерски филм

Филмскиот материјал ја прикажува работата на терен во планинското рекреативно подрачје, кањон Матка, во близина на Скопје. Покрај природниот амбиент со река и карпи, забележани се работници кои активно учествуваат во изградбата и уредувањето на пристапните патеки за пешачење. На филмската лента е документиран момент на заеднички напор. Работници во работна облека и со качкети, координирано управуваат со алат, што сведочи за колективната ангажираност и вложениот труд при подготовка на патеките.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.