Мис Стон – 60 години од премиерата

Р. Македонија 2018 16 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Документарен филм, снимен по повод јубилејот, 60 години од премиерата на играниот филм „Мис Стон“.
Преку фотографии, сеќавања на авторите и на актерите, прикажан е патот од идеја до реализација на филмот. Документарниот филм изобилува со архивски материјали и инсерти од филмот „Мис Стон“. За тоа како е снимен филмот зборуваа: актерот Петре Прличко, тогашниот директор на „Вардар филм“ Гојко Секуловски и др.
Од страна на уметничкиот совет на „Вардар филм“, било сугерирано да се направи сценарио за грабнувањето на американската мисионерка Елен Стоун, од страна на комитите од четата на Јане Сандански. Било избрано сценариото на Трајче Попов и Георги Абаџиев, кое неколку пати било преработено. Аангажиран бил српскиот режисер Жика Митровиќ. Конечно, во 1958 година се одржува премиерата на филмот. „Мис Стон“ постигнал голем успех. Се прикажувал и ги полнел кино салите во повеќе од 23 земји.

Напишано од Лидија Кировска

Автор на филмот : Лидија Христова Наратор: Петар Христов

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.