Наградата

Република Македонија 2018 16 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Краток игран филм, снимен по вистинита приказна, за тоа колку е силна братската љубов.  Братот на Арбен е тешко болен и итно мора да се оперира. Во чекалната додека го чека својот брат, тој наоѓа леток на кој пишува дека во едно основно училиште ќе се фрла крстот за православниот празник Водици. Победникот добива парична награда. Иако родителите не го пуштаат да учествува, Арбен сепак оди, убеден дека ќе ја освои наградата. Мајка му тргнува по него и во моментот кога го фаќа крстот ја здогледува мајка му, радосни извикува дека ги имаат парите за операција. Тој на својата мајка ѝ се обраќа на албански јазик. Присутните во салата сфаќаат дека крстот го фати дете со муслиманска вероисповед и го поништуваат настанот. По вториот обид Марко го фаќа крстот и му ја дава паричната наградата на Арбен.

Напишано од Лидија Кировска

Играат: Албан Лама, Аурита Агуши, Ахмет Дидат, Викторија Анѓушева, Филип Ивковски, Калина Савеска, Ердоан Максут, Лиљана Тошевска, Елизабета Тошевска, Ленче Шулева, Борјан Стојановски, Иван Ѓорѓиевски, Леонид Најдовски, Марија Јанчевска Музика: Дамјан Томоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.