Документарна програма во четири епизода за корупцијата во Албанија, Македонија, Србија и Хрватска. Корупцијата како закана за правната држава и независното судство.
АЛБАНИЈА – Во првата епизода станува збор за корупцијата во Албанија. Прикажан е центарот на Тирана а за корупцијата во оваа земја зборуваат: Дритан Шеху – поранешен министер на МНР на Р.Албанија, Миранда Чулику зборува за корупцијата во училиштата, Флоран Дину – инжинер, зборува за корупција во здравството, Флора Никола – новинар, Мимо Ганфреда – италјански бизнисмен, Наим Сурои од Албански Пошти и Алтан Шегани -Правен факултет Тирана.
МАКЕДОНИЈА – За корупцијата во Македонија зборуваат: Слаѓана Тасева – поранешен претседател на Државната антикорупциска комисија, Стеван Цигаридов – главен инспектор во МВР, Рената Треневска Дескоска проф. на Правен факултет и Фиданчо Стоев поранешен судија на Врховен суд.
СРБИЈА – За корупцијата во оваа соседна земја зборуваат: Немања Ненадиќ од Транспарентност Србија, проф. Борис Беговиќ, Предраг Јовановиќ – директор на Управата за јавни набавки, Златко Миниќ – новинар, Стјепан Грдељ – председател на „Аргумент“.
ХРВАТСКА е последната епизода од серијалот за корупција. За овој проблем зборуваат: Мунир Поупљек -претседател на Програмата за општествен развој, координаторите Елизабета Шваљек и Ана Профета и Јадранка Чучковиќ – сведок.