Нова ера, стара дилема

Република Северна Македонија 2021 56 мин Колор Звук Документарен филм Дигитална технологија

Во овој документарен филм се третира темата на миграцијата и печалбарството. Оваа тема се објаснува преку лица кои се интервјуираат. Меѓу интервјуираните лица има оџа, француски истражувач кој говори за албанските иселеници и печалбари, и четворица печалбари кои се пензионери. Од снимените интервјуа дознаваме за нивните постигнати успеси, но и за нереализираните желби на приватен план. Далеку од нивната родна земја, далеку од пријателите и поширокото семејство, мечтаат нивните деца еден ден да се вратат во родното место, иако длабоко во себе знаат дека тоа е невозможно.

Напишано од Арсим Љесковица

Директор на фотографија Јанкулоски Роберт
Монтажа Дулев Блаже
Продуцент Али Сабидин
Режија Али Сабидин

Светло: Невзат Бејтули Корекција на колор: Блаже Дулев

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.