Здодевен е животот на девојката. Таа секој ден го минува во рутинска форма. Во почетниот кадар го слушаме алармот од будилникот во нејзината соба. Девојката станува и се гледа во огледало, нејзините мисли ги коментира наратор во оф-тон (женски глас). Таа се чувствува осамена. Бара нешто што ќе донесе капка среќа и смисла во нејзиниот живот. Секој ден станува во исто време, се облекува пред огледало, појадува во кујната, патува со метро до работа: „Секој ден прелистувам страници од истата книга, која никако не завршува“.
Воглавно, кадрите во кои девојката е прикажана сама, се црно-бели, а кадрите кои прикажуваат како се дружи со нејзиното милениче (куче), се во боја.
Додека мечтае за излез од монотонијата на животот, повторно се слуша алармот од будилникот, се прекинуваат убавите сништа и повторно треба да се оди на работа и да се продолжи по старо.
Но, еден ден среќата ѝ се насмевнува. При работа во својата канцеларија, се запознава со едно момче, кој исто така има куче слично на девојката. Започнуваат разговор, потоа одат на прошетка, животот конечно добива смисла.
Во завршниот кадар девојката легнува да спие насмеана: „За првпат во животот, не знам што ќе донесе утрешниот ден“.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Женски глас и музика: Сихана Илјази Помошник аниматор: Агим Илјази и Ветон Илјази Обработка на фотографија: Агим Илјази