Документарна емисија за печатарството и новинарството во Македонија, од средина на XIX век до денес.
Новинарството започнува со првите печатени текстови на македонските преродбеници: Шапкарев, Ј. Х. Џинот, браќата Миладиновци, Жинзифов и Зографски. Првите македонски весници се појавуваат на туѓи територии и туѓ јазик (српски, бугарски): „Братски труд“, „Македонски глас“, „Вардар“, „Дневне новини“ и др. Во 1903 год., донесена е печатарската машина „Хајделберг“, која работи и денес. Се наоѓа во печатницата „Светлост“.
За модерното печатење зборуваат членовите на семејството, Димитровски. Тие се сопственици на современа печатница со погони во Кочани и во Скопје.
Сниматели: Зоран Капетановски и Александар Здравевски Тон: Симон Лупоски Светло: Зоран Николиќ Монтажа: Јасмина Ивановска