Од Охрид до Охрид

Р. Македонија 59.20 мин Колор Звук патеписен ТВ Продукција Дигитална технологија

Репортажата „Од Охрид до Охрид“ претставува визуелно патување низ природните убавини и културното наследство на градот Охрид и Охридското Езеро. Емисијата започнува со приказ на мирните и кристално чисти води на Охридското Езеро – едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, познато по својата единствена флора и фауна.
Потоа, приказната не води во срцето на Охрид, каде што се запознаваме со мајсторите кои ги чуваат старите охридски занаети. Претставени се вешти мајстори кои изработуваат филигран, резбаат дрво и ги создаваат прочуените охридски бисери, направени од лушпите на ендемичната плашица.
Преку интервјуа и демонстрации, занаетчиите ги раскажуваат своите лични приказни и значењето на занаетот што го практикуваат со генерации.
Репортажата нè носи и од другата страна на Охридското Езеро, во Поградец, Република Албанија, каде што освен езерото, прикажани се и традиционалните јадења подготвувани од албанските жени кои живеат во Поградец.
Вториот дел од патеписот се насочува кон градот Поградец и Охридското Езеро, од страна на Р. Албанија. Се раскажува и приказната на млада девојка од Поградец која оди да студира во Тетово, која ја раскажува емотивната поврзаност со двете земји. Репортажата продолжува со приказ на убавините на езерото и градот, а потоа преку интервјуа се прикажани и заетчиите на Поградец.
Со вметнати сцени од секојдневниот живот и природната убавина на регионот, се говори и за првите допири на Албанските граѓани со Охридското Езеро во Македонија, и воопшто првите нивни доаѓања во Р. Македонија.

Телевизиска реализација: Бујар Пајазити Илир Адили Еркан Идризи Трајко Голов Ирфан Ракипи Меваип Абдиу

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.