Песната ми дава живот

Р. Македонија 2003 30 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Во оваа документарна емисија се обработува темата за инвалидите кои настрадале од експлозивни направи по Втората светска војна. Еден од настраданите е и Џило Мустафоски од село Броштица. Џило Мустафоски има шеесет години, ги изгубил очите и раката на десетгодишна возраст. Кобниот момент настанал кога ја пронашол италијанската бомба во еден sид од куќа и се обидол да ја отвори без да размисли за трајните последици по неговиот живот.
Поголемиот дел од емисијата се состои од интервју со настраданото лице и соселаните на Џило. Во интервјуто се запознаваме во подробности за неговиот живот по кобниот настан. Работел како телефонист, а во постари години чувал добиток во неговото село.
Џило Мустафоски е почитуван во своето село. По смртта на неговиот брат, тој се грижи за неговите шест деца, со инвалидската пензија и помошта на соселаните.
Тој е и голем лубител на музика и поседува талент за пеење. Четсо пеел по свадби и други веселби во селото. Документарната емисија завршува со приказ на Џило кој пее македонска изворна песна, покрај селската река.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.