Документарна програма во две епизоди, за тоа колку печурките можат да бидат корисни но и штетни за употреба.
Габите (печурките) се здрава природна храна, но и опасна за човековото здравје. Има многу примери за труење со печурки. Консумацијата на печурки фатално завршила за многу семејства. Иако се вкусни и хранливи, сепак само стручни лица треба да собираат печурки. Во Македонија има многу видови на печурки што се јадат. Некои имаат двојници и се многу отровни, затоа треба особено да се внимава. Познавачите на печурки зборуваат за тоа како да се распознаваат отровни од неотровни печурки, за нивните лековити својства, за користењето во фармацијата и како да се приговуваат и конзервираат.
Наратор: Ване Трајков Главен и одговорен уредник: Ѓорѓи Калајџиев