Портокалова Македонија – „Национализмот лета во место“

Република Северна Македонија 2023 70 мин Колор Звук документарен серијал Документарен филм Дигитална технологија

Епизода 5 – Оваа епизода се фокусира на политичката употреба – и злоупотреба – на национализмот во периодот 2006–2016. Анализи како власта го користи национализмот како моќна мобилизациска алатка, но без вистински стратегиски ефект за државата. Се формира политички модел во кој националистичката реторика постојано се повторува, но не носи реални резултати ниту во надворешната, ниту во внатрешната политика – па оттука и насловот: национализмот „лета во место“. Дефинирање на национализмот во овој период како политички мотор што работи во празно. Тој создава емоции и мобилизација, но не генерира движење напред. Владата користи национализам за домашна употреба, додека реалните државни интереси остануваат незадоволени. Говорници: Катерина Блажевска, Сем Вакнин, Александар Литовски, Љупчо Поповски, Филип Рикер и др.

Напишано од Миранда Алла Речи

Директор на фотографија Жоговски Илија
Монтажа Мехмед Шенол
Продуцент Талески Пеце
Сценографија Поњавиќ Муча Снежана

Наратор: Сања Арсовска Архивски материјали: НУБ „Св. Климент Охридски“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.