Прошетка

Република Северна Македонија 2023 13.27 мин Колор Звук драма Краток игран филм Дигитална технологија

Длабоко емотивна приказна за едно дете кое разговара со непозната жена.
Филмот започнува како непознатата жена игра „Не лути се човече“. Ѝ притоа малото девојче, се доближува и седнува да игра со неа. Во текот на играта тие разговараат за тоа дека бабата на девојчето си заминала некаде, притоа давајќи ни до знаење дека бабата починала. Разговорот се движи кон сознанието дека никој од возрасните не си игра со девојчето. Од друга страна, пак, сознаваме дека никој не ја сака ни непознатата жена. Играта продолжува со фудбал. Удирајќи ја топката со нога, непознатата жена крши вазна со цвеќе и кадарот продолжува кон гробишта. Нивниот разговор ни иницира дека непознатата жена можно да е смртта. Двете се движат низ гробиштата и стигнуваат на нечиј погреб. По погребот двете се враќаат повторно да играат „Не лути се човече“, но играта веќе ја нема. Детето одеднаш ги гледа своите родители како тргнуваат да си одат. Таа вика кон мајка си која во раката ја држи играта „Не лути се човече“, но никој не се одзива. Детето и непознатата жена тргнуваат на прошетка.
Филмот е снимен во непрекинат кадар.

Напишано од Миранда Алла Речи

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.