Љубовна приказна за Мимоза (Моза) и Боге, кои стапиле во брак преку стројници. Односно, Боге од Македонија си купил невеста од Албанија. Моза, сакајќи да побегне од сиромаштијата и тешкиот живот во Албанија, доаѓа во уште поголема сиромаштија во село Косово (Македонски Брод). Покрај сите тешкотии кои ги имале овие двајца сопружници, со љубов, слога и работа успеале од ништо да создадат дом, пристоен за живеење. Моза вели дека за ништо на светот не би го менувала својот Боге, дури и леб и сол да јаде. Тие се родители на три деца, две девојчиња, Ирена и Христина и најмалиот Бранко.
Напишано од Лидија Кировска
Играат: Мимоза Мицковска, Боге Мицковски, Ирена Мицковска, Христина Мицковскаа, Бранко Мицковски Превод: Себахате Асани Камера и објективи: Дера филм
Поддржано од: Агенција за филм на Р.С.Македонија