Репортажа за Зоран Милошевски, бодибилдер. Тој сосема неочекувано започнал да се занимава со бодибилдингот. Во 2021 година, по смртта на неговиот брат, со кого бил многу близок, решава да се посвети на овој спорт. Иако бил тотално неспортски тип на човек, почнал напорно да тренира двапати дневно. Го сменил и начинот на исхрана. Сила и светлина за да ги издржи напорните тренинзи, како што самиот кажува, му давало сеќавањето на брат му. За многу кратко време, Зоран почнува да се натпреварува на интернационални натпревари, каде бележи победи.
Напишано од Лидија Кировска
Колор корекција: Бошко Столиќ Обработка на звук: Славе Спасовски Благодарност до: Адвокатско друштво Константиновиќ и Милошевски, Пост Експрес Македонија, МекКен Скопје и АдВентуре