Скопјанката Гонџа Бојаџиу – Нобеловката Мајка Тереза

Р. Македонија 2000 57 мин Колор Звук ТВ Продукција Дигитална технологија

Играно-документарен филм за Мери Тереза Бојаџиу, позната како Мајка Тереза (Скопје, 1910 – Калкута, 1997), католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и прогласена за светица во католичката црква. Млада новинарка (Валентина Божиновска), истражува за животот и делото на Мајка Тереза. Филмот почнува во Скопје, каде е родена Мајка Тереза а завршува во Калкута, каде умира на 87 години. Изобилува со архивски снимки и фотографии од важни настани поврзани со делата на Мајка Тереза. Целиот свој живот оваа жена им го посветила на сиромашните и болните, несебично давјќи им ја својата љубов. Соговорници на новинарката во филмот се: отец Антонио Церимотиќ, Славка Стојановска, Дрона Секуловска, Бранко Михајловски, митрополит г.Кирил и Есма Реџепова.

Соработници на сценарио: Весна Георгивска и Ели Танаскова Продуцент: Ѓоко Гешовски Светло: Ѓоко Симоновски Монтажа: Бане Поповиќ Учествуваат: Валентина Божиновска, отец Антон Церимотиќ, Славка Стојановска, Дрона Секуловска, Бранко Михајловски, митрополит г.Кирил, Есма Реџепова-Теодосиевска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.