Сопатници

Република Северна Македонија 2025 13.45 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Лидија и Јаков се сопружници, разговараат на телефон додека Јаков вози. Тој удира во велосипедист и бега од место на настанот. Но, совеста не го остава на мира. Постојано му е мислата во велосипедистот што го удри. Во главата слуша гласови „врати се назад“ и „не се враќај“. Јаков има грижа на совест, но и страв дека ќе си го уништи животот ако се дознае дека прегазил човек. Се обидува да ги сокрие трагите на автомобилот од сторената сообраќајка. Цела ноќ неможе да се смири. Пуши, пие, но, не заборава. Не може да издржи и се јавува во полиција. Во исто време на вратата му доаѓаат полицајци. Тие му соопштуваат дека неговиот син загинал во сообраќајна несреќа.

Напишано од Лидија Кировска

Други соработници: Втор асистент на камера: Марко Најденовски Осветлител: Кристијан Секуловски Визуелни ефекти: Иван Куртевски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.