Татко

Република Северна Македонија 2019 13.50 мин Колор Звук драма Краток игран филм Дигитална технологија

Да требаше да се опише содржината со една реченица, или да имаше поднаслов, тоа би било судирот на личниот избор и патријархалната догма. Во филмот ТАТКО, режисерот успева да ја компресира тежината на една семејна и социо-културна драма во кратка, но извонредно набиена 14-минутна дуодрама. Пренесен преку реалистична естетика, филмот го прикажува емотивниот и идеолошкиот судир меѓу таткото (Владо Јовановски) и неговиот син (натуршчикот Иван Даниловски) во една запуштена, трошна куќа во осамено планинско село.
Сетингот сам по себе е симболичен: куќата, обележана со знаците на минливоста и запуштеноста, станува метафора за старите, затворени светогледи што полека се рушат под налетот на новите реалности. Камерата, речиси статична и интимна, го доловува секој нервозен здив, секоја промена на изразот, правејќи ја секоја тишина подеднакво моќна како и зборовите што се изговараат. Најголемиот дел од филмот се одвива во ентериер на соба каде се водат дијалозите помеѓу таткото и неговиот син, во крупен и среден крупен план на лицата на извонредните актери.
Централниот момент на филмот е признанието на синот дека е хомосексуалец – исповед што во патријархалниот контекст на ова изолирано место одекнува како молња. Конфликтот не е класичен, бурен и експлозивен, туку напнат и воздржан, што ја прави драмата уште позагадочна и полна со неизречени емоции.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Шминка: Мартин Павловски Извршен продуцент: Корнелија Марковска – Ристовска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.