Тело

Словенија, Хрватска, Македонија 2023 90 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Долгометражен документарен филм за поранешната словенечка манекенка, пијанистката Уршка Ристиќ, девојка со нескротлив дух, која се бори со ретки автоимуни болести. Филмот е сниман во текот на две децении во Љубљана (Словенија) и во Преспа (Македонија). Опфаќа интимни разговори помеѓу двете пријателки, Уршка и Петра (авторката на филмот). Какви се мистерии крие човечкото тело и колкава е моќта на пријателството и уметноста врз умот и телото на човекот.
Уршка е млада убава девојка, пијанистка, која се занимава со манекенство. На 16 години бега од дома, пие, се забавува и води раскалашен живот. Ја сместуваат во установа а потоа во згрижувачко семејство. Млада станува мајка. Нејзината ќерка Зоја и го менува животот. Уршка, заедно со ќеркичката, од Љубљана, доаѓа да живее во Македонија. Тие заедно уживаат покрај Преспанското Езеро, се дружат, пливаат и разговараат. Тоа трае се до моментот кога Уршка се онесвестува. Заминува во Љубљана. По некое време и е дијагностицирано ретко автоимуно заболување, енцефалитис, проследено со висока температура, болки во телото, конфузност и губење на свеста. Младата мајка паѓа во кома. По будењето од кома, Уршка не се сеќава на ништо, не го препознава ни сопственото дете и не може да оди. Со вежби, упорност и подршка од пријателите, повторно застанува на нозе. Повторно се враќа на својата голема љубов, пијаното. По маките со болеста и многуте падови во животот, го сретнува Бојан, со кого се мажи и ја добиваат ќерката Мија. Денес Уршка вели дека болеста ја направила подобар човек, од егоманијак станала посветена мајка, сопруга и пијанистка.

Напишано од Лидија Кировска

Учествуваат: Уршка Ристиќ, Бојан Ристиќ, Мија и Зоја Ристиќ Музика: Владимир Ракиќ Тон: Иван Антиќ Сценограф: Цирил Садар Продуценти: Петра Селишкар, Тамара Бабун, Сара Ферро

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.