Документарен филм за археолошкото наоѓалиште од неолитски период, Тумба Маџари. За археолошкиот локалитет зборува, Воислав Санев-археолог, специјалист за неолитско време.
Тумба Маџари е неолитска населба од 7 век п.н.е., се наоѓа меѓу скопските населбите Маџари и Ченто, сместена на мало возвишение од 3 метри. На овој простор се одвивал животот на неолитскиот земјоделец.
Куќите се градени од дрво, кал и слама. Со кружно огниште на средината на куќата и ѕидани маси (жртвеници). Откриено е светилиште, објект за чинодејствија по канонски норми, со димензии 9 на 9 метри од масивна граѓа. Од овој археолошки локалитет е и култната ваза посветена на Мајката Божица.
Животот на неолитската населба згаснал по голем пожар и никогаш повеќе не е обновен.
Архелозите, денес се со идеја да се обнови неолитската населба како туристичка атракција.
Други соработници: Спикер: Љупчо Благоевски Музичка илустрација: Ико Матијашевиќ Графика обработка: Драган Милковски