Психолошка трогателна драма за силата на вистинската доживотна љубов, помеѓу двајца средовечни вљубени луѓе.
Во психијатриска болница, мажот ја гледа својата сопруга како лежи во кревет. Таа има кошмари и се причинува како е млада а двајца болничари сакаат да ја нападнат. Жената бега низ ходниците од болницата и се спасува во прегратките на својот млад маж.
Лекарите во болницата, сваќаат дека експерименталната програма за лекување на жената не дава резултати. Само мажот верува дека ќе успее да се излечи.
„Убави“ на 7-ми Март 2008, беше претставен како практичен дел од одбраната на магистерскиот труд на Кирил Узунов на Националната Академија за Филмска и Театарска Уметност во Софија, Р. Бугарија.
Напишано од Лидија Кировска