Утопија 68 – Година со килибарна надеж

Република Македонија 2018 58 мин Колор Звук историски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарен филм за бурните настани кои ги зафатија Европа и светот во 1968 година. Под мотото „Бидете реални, барајте го невозможното“ се организираа протести и масовни движења во целиот свет од млади луѓе, претежно студенти. Тие ги бараа своите права и се бунтуваа против општеството. Иако нивниот сон заврши како утопија, оставија белег во историјата. Протестите не ја одминаа ни Македонија. Учесници во протестите, денес истакнати професори, новинари и политичари, тогашни студенти, зборуваат за настаните од 1968 година. На овие настани се сеќаваат: Владимир Лапе, Тито Беличанец, Владимир Милчин, Стојан Андов, Сашо Орданоски, Денко и Мирјана Малески и др. Филмот изобилува со архивски материјали, снимки од: прашката пролет, студенските протести во Париз, Белград и Скопје, нуклеарната криза во САД. Музички спотови од: Џенис Џоплин, Битлси, Џон Ленон, Арета Френклин, Џими Хенрикс и др. Исечоци од филмовите; „Коса“, „Рани радови“ и „Како сам систематски уништен од идиота“. Обраќањето на Ј.Б.Тито на студентите, кубанскиот револуционер Че гевара, атентатите на Џон и Роберт Кенеди. И многу други настани што ја одбележија 1968 година.
Филмот е посветен на Јан Палах, чешки студент кој се самозапали во знак на политички протест против инвазијата врз Чехословачка од страна на СССР.

Други соработници: Одговорен уредник на играно-документарна програма: Соња Јаќоска Самарџиев Уредник: Сања Орушева Архива: Македонска Телевизија Дизајн: Аристид Филактов Консултант: Владимир Лапе Новинар: Никола Т. Калајџиски Учествуваа: Стојан Андов, Тито Беличанец, Ѓунер Исмаил, Владимир Лапе, Соња Лихт, Мирјана Малеска, Денко Малески, Владимир Милчин, Сашо Орданоски, Латинка Перовиќ, Љубиша Ристиќ и Слободан Унковски Извадоци од филмовите: „Рани радови“ (1969), режија: Желимир Жилник, „Како сам систематски уништен од идијота„ (1983), режија: Слободан Шијан и „Коса“ (1979), режија: Милош Форман

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.