Фениксот од Кавадарци

Република Северна Македонија 2022 29 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Овој документарен филм, со играни секвенци, е посветен на, како што го нарекуваат интервјуираните лица, „златоустиот“ Васил Хаџиманов. Неговите песни не се симнувале од радио програмите на многу тогашни југословенски радио станици. Васил Хаџиманов, уште во раната младост останува без двата родитела и животот, со сите предизвици, го започнува сам без неопходната семејна поткрепа. Познавачите на неговиот лик и дело зборуваат за високиот музички талент кој го поседувал Васил Хаџиманов. Започнал да држи часови на ученици, при што ги подучувал да свират на повеќе инструменти, мандолина, гитара, виолина и клавир.
Во неговата собирачка и запишувачка дејност посебно се интересирал за македонската народна песна. Хаџиманов оди по тиквешките села и запишал околу илјада песни и ора. Во 1937 година, формира Тиквешка фолклорна група, која го прославува и Васил, но и Кавадарци.
Широка популарност меѓу Југословенските народи, македонските народни песни доживеале меѓу двете светски војни. Во тоа време, Хаџиманов е најпопуларниот интерпретатор на тие песни преку радиобрановите, на разните концерти и приредби.
Исто така, Хаџиманов имал голем придонес во собирањето песни и од албанските места. Така што оставил извонредно дело. Имено, близу 5.000 илјади изворни народни песни се оставени како материјал за истражување во иднина. Од нив, околу 600 се на албански јазик и се дел од албанската култура. Васил Хаџиманов претставува значајна личност и за кавадаречката и за државната историја. Во Кавадрци има музејска просторија каде се сместени неговите инструменти, книги, партитури и фотографии.

Напишано од Арсим Љесковица

Директор на фотографија Коцев Тони
Продуцент Петковски Миле
Режија Нетков Мишо
Сценарио Нетков Мишо

Други соработници : Камера — Кристиан Теодоров; Георги Трајковски Костимограф — Живко Трајчевски Аниматор — Бојан Секуловски Наратор — Госе Ристовски
Архивски материјали: Кинотека на Македонија; ТВ КТВ – Кавадарци

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.